„Хилари Клинтон сече деца, Опра дел од педофилски ланец“: Пејачката започна теории на заговор

popara4 јули, 20201min00
pejacka 1

Британската пејачка Матија Буена ја шокираше јавноста со своите објавувања на Инстаграм обвинувајќи ги најпознатите и најбогатите дека сториле кривични дела, а некои изјави се толку луди што морала веднаш да ги избрише.

Пејачката сподели со своите фанови дека Хилари Клинтон „сечела детски лица за да ги носи како маска“, и дека многумина познати се дел од педофилскиот ланец од аферата „Пизагат“.

Таа исто така додава дека никој не се занимава со овие прашања затоа што, како што наведува, „сите се обидуваат да го свртат вниманието кон пандемијата“.

  • Зошто никој не знае дека жалбата на Хилари Клинтон во врска со случајот со 600 000 е-мејлови за злоупотреба на деца, трговија со луѓе и тортура не беше прифатена и дека таа мора да се појави на суд во септември,?, напиша таа.

Во март, федералниот судија и нареди на Клинтон да сведочи за тужбата поврзана со нејзината употреба на приватен компјутерски е-мејл сервер за службена работа додека работеше како државен секретар во администрацијата на Обама, за што Клинтон поднесе жалба.

Сепак, нема докази кои укажуваат дека е-поштата содржи содржина за „злоупотреба на деца, тортура и трговија со луѓе“, а истрагата на ФБИ открила дека над 100 е-пошта содржат класифицирани информации.

Матија тогаш ја сподели необичната лажна вест во која се вели дека Хилари Клинтон била судена поради сечење на лица на девојче и ја носела иста како маска, а исто така ги споменува Обама и Бил Гист, како и „многу други со пари и моќ“.

  • Ми кажувате дека сум луда, но колку ќе бидете бесни кога ќе сфатите дека сум во право, напиша пејачката. Таа исто така тврди дека Стивен Спилберг наводно бил „егзекутиран минатата недела“, но и дека водителите Џими Кимел, Опра и Елен Деџенерис се дел од аферата „Пизагат“.
  • Мислите дека сум луда, но гледам што се случува, само вие продолжувате да им верувате на другите луѓе, напишала пејачката во последниот пост, пренесува британскиот „Mirror“.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma