Хилари Свонк (46) најпосле открила зошто толку долго паузирала од работата- една година се претворија во три!

14 август, 20200
хилари

За своите улоги во филмовите “Момчињата не плачат” и “Девојка од милион долари”, 46 годишната Хилари Свонк ги освои Оскарите , но и многу други награди. На тригодишна пауза од актерството заминала во 2014 година, а сега открила зошто се повлекла.

Таа открила дека се грижела за татко и на кој му била направена трансплантација на белите дробови.

“Требаше сè да помине за една година колку што му е потребно на телото да го прифати пресадениот орган. Трансплантација на белите дробови е најтешка операција од сите, бидејќи се работи за неверојатно осетлив орган. Планот беше да се паузира една година, но станав заштитничка на здравјето на татко ми. Една година брзо се претвори во две, а потоа и во три. Но, му благодарам на Бога, молитвите се услишани. Тој е здрав и по повеќе од пет години се чувствива добро”, открила актерката.

Славната актерка зборувала и за сопствените емоционални борби низ кои поминувала за време на оваа битка за животот и здравјето на татка си.

“За тоа ви треба многу енергија, љубов и прилагодување на приоритетите. Подемите и падовите се предизвикувачки и лесно можат да ве совладаат. Но мораш да најдеш време за себе за да можат луѓето околу тебе да ги искажат своите потреби, да можат да ти помогнат и поддржат”, вели Хилари.

По паузата се вратила со улогата во мини серијата “Trust”од 2018 година, а оваа година играла во трилерот “Лов”.

Следен проект и е новата серија “Away” каде повторно ќе игра астронаутка.

“Пред да станам актерка сакав да бидам астронаутка. Имав огромна страст и почит кон астронаутите и луѓето кои ги истражуваат работите многу повеќе од сите нас. Читајќи го “Away” уште една работа ми беше многу привлечна, а тоа е сценариото единствено по бројноста на ликови од разни етнички групи ” вели актерката.

“Сите тие се борат и со силни лични приказни кои нас сите нè поврзуваат. Серијата го нагласува и дамнешниот факт дека вселената не познава граници, што можеме да го користиме и овде долу”, додава Свонк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi