ХИТ!!Заборавете на дебелеење!! Јадете помфрит без компир, неограничено а превкусно!!

popara3 август, 20202min00
sheri-silver-ZPNww94ZoD0-unsplash-1536x925-1

Помфритот сигурно е една од омилените ужини, како на децата, така и на возрасните.

Но, општо е познато дека компирот кој се подготвува на таков начин не е баш најздравиот избор.

Затоа ние ви нудиме идеално и превкусно, диетално решение! ПОМФРИТ ОД ТИКВИЧКИ!

Овој помфит се подготвува многу лесно и можете да уживате во неговиот вкус без да имате грижа на совест.

Состојки:

2 тиквички

½ чаша пармезан

1 кафена лажичка оригано

1 кафена лажичка босилек

1 кафена лажичка мелена црвена пиперка

Малку ситно исечкан магдонос

½ кафена лажичка лук во прав

Сол и бибер

Подготовка:

Исечете ја секоја тиквичка на четири дела по должина, за да ја добиете формата на помфритот. Во мал сад, истурете оригано, босилек, црвена пиперка, магдонос и лук во прав, а потоа сите зачини измешајте ги со пармезан. Потоа загрејте ја рерната на 170 степени. Извалкајте ги исечканите тиквички во мешавината од зачини и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги тиквичките во загреаната рерна да се печат околу 15-20 минути или додека не добијат жолтеникава боја.

По желба, можете да ги извалкате и во презла и јајце т.е. е да ги поховате, но секако се превкусни и без тоа.

Најдобро е да се сервираат со кечап. Изберете некој со најмалку калории!

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag