Денес, на 88-годишна возраст, Сер Иан Холм, попознат како Билбо Багинс од филмската сага на Питер Џексон, „Господарот на прстените“ и Вито Корнилиус од „Петтиот елемент“ на Лика Бесон, го напушти светот.
Актерот освои награда БАФТА и беше номиниран за Оскар за неговата улога во филмот „Огнени кочии“.
Започна во театарот, но поради борбата со тремата ги остави даските што значат живот и се посвети на филмот. Го гледавме во филмовите „Бразил“, „Временски бандити“, „Лудилото на кралот Џорџ“ Се оженил четири пати и има пет деца.