Ава Карабатиќ неодамна објави дека продава голи фотографии преку веб-страница за возрасни.
Хрватската старлета истакна дека ова е одличен извор на приход за неа, особено сега кога е во карантин. Таа објасни за „Информер Хит“ дека не гледа ништо лошо во ова и дека не е прва што се занимава со тоа.
“Свесна сум кои се моите квалитети и го користев тоа на паметен начин. Одлично заработувам, особено од Турците. Еден плати 5000 евра за мојата слика. Кога сестрите Кардашијан можат да се збогатат од тоа, зошто да не можам јас? Јас станав многу популарна на таа страница, што значи дека сум добра во тоа што го работам. Инвестирам многу во себе и напорно тренирам, внимавам што јадам.
Ако мажите можат да ги сликаат нивните стомачни мускули во теретани, и јас можам своето тело. Преку глава ми е од етикетирање! Жената не е ку**а ако изгледа добро“ рече таа.