И Фејсбук воведе промени заради пандемијата!

popara22 април, 20201min00
f

На Фејсбук се појавија нови реакции поврзани со пандемијата од коронавирус.

Покрај лајкот, срцето и останатите емотикони, Фејсбук сега на својата платформа додава и реакции кои покажуваат дека луѓето се грижат.

Реакцијата ќе вклучува емотикон кој прегрнува срце, а од компанијата велат дека се надеваат дека таа реакција ќе им овозможи на корисниците да се чувствуваат поврзано со нивните семејства и пријатели од кои моментално се раздвоени. Новата реакција доаѓа и на Месинџер, но ќе изгледа малку поинаку, ќе биде во облик на пулсирачко виолетово срце. Оваа промена е многу мала, наспроти проблемите со кои се соочува Фејсбук во моментов, а тоа се бројните дезинформации кои се шират многу брзо на оваа платформа.

Заради тоа, од Фејсбук најавија дека луѓето кои лајкуваат или споделуваат лажни вести поврзани со коронавирусот ќе бидат предупредени, така што во News Feed ќе им се појави линк од страната на СЗО, каде што можат да ги прочитаат вистинските информации поврзани со пандемијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag