И понатаму не се одвојуваат: Двете беа мажи, а за нивниот чуден однос непрестајно се зборува

13 јуни, 20200
Annotation 2020-06-13 111

Кејтлин Џенер и Софија Хатчинс се снимени при доаѓањето на семејното дружење на семејството Џенер и покажаа дека не се одвојуваат една од друга, иако негираа било каква романтична поврзаност.

Пред операцијата за промена на полот, сите ја знаевме, односно го знаевме под името Брус Џенер, но Кејтлин е денес горда 70-годишна жена која го плени вниманието на медиумите и јавноста каде и да се појави. А каде и да се појави таа, тука е и 24-годишната претприемачка и манекенка Софија Хатчинс која не се одвојува од неа.

Дамите се снимени на доаѓање на семејното дружење со Кејтлиновата ќерка Кајли и покажаа дека и понатаму се блиски. Софија за таа прилика избрала ултра-краток фустан, а Кејтлин подолг фустан со леопард принт.

За нивниот однос се пишува од самиот почеток на познанството, до неодамна сите беа уверени дека тие две се љубовници, што ни една од нив не сакаше да потврди ниту да демантира, а врската им беше опкружена со превез на тајност. Или така беше барем до неодамна кога Софија одлучи јавно да проговори и да открие детали за нивниот однос. Така всушност ги запрепасти сите со исказот дека нивниот однос е строго родителски.

Во јавноста прв пат се појавија во 2017 година, а заедно одеа на различни случувања, снимени се на црвени теписи во дотерани изданија, а заедно поминуваа и одмори како пар. Софија во декември минатата година отпатува дури до Австралија како би ја изненадила Кејтлин која таму учествуваше во едно реално шоу. Поради сето тоа нејзиното признание за подкастот Juicy Scoop со Хедер Мекдоналд сите поприлично ги изненади и збуни.  

“Никогаш тука немало романтика или сексуална привлечност. Нашиот однос е воглавно пријателски “, изјави Софија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi