Идеално за љубителите на вина и ледени коктели – ова лето ќе се пие FROSÉ!

17 август, 20200
Идеално за љубителите на вина и ледени коктели – ова лето ќе се пие FROSÉ!

Пред неколку години, случајно, откриен е „нов пијалок“, кој брзо стана хит, прво во Њујорк, а потоа и низ целиот свет.

За многу кратко време, инфлуенсерите ја подигнаа славата на овој пијалок преку Инстаграм, а разни рецепти за овој коктел можат да се најдат на Интернет.

Замрзнат сладок пијалок е сè што ни треба во големите жештини и ги воодушевува сите што го испробуваат. Малку алкохол, малку овошје, мраз и неодолива розова боја. Ставете цевка и уживањето е загарантирано!

Некои додаваат праски, некои цреши, лубеница или боровинки, но сите се согласуваат за оригиналот. Ако сакате, можете да додадете и сладолед или гумени бомбони. Нека вашата имагинација го направи своето.

Мајсторите за коктели го споделија основниот рецепт за овој пијалок на порталот Good Food, кој лесно можете да го подготвите дома.

Потребно е:

  • Шише розе вино
  • Јагоди, лубеница или друго овошје по ваш избор (може да биде и сируп од јагода)
  • Малку сок од лимон (1 лимон)
  • Мраз

Подготовка:

Истурете го виното во сад и оставете го неколку часа во замрзнувач. Истурете шеќер во половина литар вода и промешајте се додека не се стопи целосно. Потоа тргнете го од рингла и додадете ги исецканите јагоди. Оставете да отстои половина час. Процедете сè заедно и оставете ја течноста да отстои уште петнаесет минути.

Извадете го садот со виното од замрзнувачот и истурете го во блендер, додадете сок од лимон и сируп од јагода, како и чаша мраз. Добро измешајте ,вратете ја течноста во замрзнувачот и оставете ја да стои се додека не добие милкшејк текстура. После тоа, измешајте ја смесата уште еднаш и сипете ја во чашите. И тоа е тоа! Додадете овошје или повеќе мраз по ваш избор и уживајте во ледениот, алкохолен пијалок што се лизга низ грлото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *