Иларија Д’Амико, партнерка на голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, вели дека и Џиџи и таа ја сакаат политиката и криминалните приказни
Оттука и приказната дека Буфон редовно ги следи судењата на мафијата и дека тој дури и заспива со нив.
– Додека работев како новинар, сфатив дека тој е огромен фудбалски шампион, но човекот не го познавав лично. Покрај тоа, кога за прв пат се запознавме, бевме деца, јас имав 22, а тогаш тој имаше само 18 години – вели Иларија за Кориере дела Сера.
Заедно го имаат синот, Леополд Матија, но интересно е што Иларија вели дека Буфон ги следи вестите и дека е тешко да му избега некоја секојдневна информација.
– Мојот човек има голема страст кон вестите и информациите, а особено за вести напишани во златното доба на новинарството и од старомоден репортер – вели Иларија, која исто така откри интересна пикантерија од креветот со славниот голман.
„Деновиве, мојот Џанлуиџи заспива слушајќи аудио снимки на мафијашките испитувања од раните 90-ти“, рече Д’Амико.
Таа посочи дека не постои никаква дилема во двоумењето „филм или вест“ затоа што Иларија верува дека токму таа го „заразила“ Буфон со желбата за информации.
– Џиџи е мојот најголем обожавател, го слуша она што го кажувам јавно, знае што чувствувам и знае што ми треба, па ги поддржува моите избори – рече Иларија.