Фотографии од Египет кружат на социјалните мрежи, на кои се гледа изградбата на автопат што се протега меѓу зградите. Но, гледачите беа загрижени за фактот дека патот е оддалечен само 50 сантиметри од околните балкони, па многумина беа погодени од самата помисла за загадување и звукот на автопатот толку близу до дома.
Владата бргу ја оправда изградбата со тоа што илегалните згради се градени нелегално, што воопшто нема да им помогне на станарите, но инспекцијата отиде на теренот за да наведе дали има згради кои не го кршат законот и на нивните станари ќе им биде понуден паричен надоместок, пишува Арап њуз.
Претставниците на станарите, од друга страна, тврдат дека нивните згради биле изградени според прописи и имаат дозволи од 2008 година. Иако тврдат дека не се спротивставуваат на изградбата затоа што тоа е од општа корист, тие сакаат сите станари и деловни објекти лоцирани под шестиот кат да добијат финансиска компензација бидејќи мостот целосно го блокира нивниот поглед. Мостот со должина од 12 километри и широк 65 метри треба да заврши до крајот на годината, а фотографиите од проектот што изгледа како да паднал од филм за темна иднина може да се погледнат во галеријата.