Им ја зеле земјата, а сега им пречат пунктовите: Индијанците одбиваат да ги отстранат блокадите, се плашат од корона!

popara12 мај, 20201min00
индијанци

Племето Сијукси во американската држава Јужна Дакота одбиваат да ги отстранат пунктовите за контрола на ширењето на коронавирусот кои се поставени на патиштата низ нивната земја.

Гувернерката на Јужна Дакота ги известила поглаварите на неколкуте племиња дека контролните пунктови се нелегални.

Но Сијуксите сметаат дека контролите се единствениот начин да се осигураат дека вирусот нема да влезе во нивните резервати, додавајќи дека заради ограничените здравствени капацитети не би можеле да се изборат со епидемијата.

Во моментот во резерватите можат да влезат само оние кои не патувале во жаришта со Ковид-19 исклучиво само доколку имаат важна работа.

Но гувернерката се заканила дека ке ги даде на суд племињата доколку не ги отстранат пунктовите.

Јужна Дакота е една од ретките американски држави која нема воведено карантин.

Меѓу Индијанците имало 198 заразени, а вкупно 3500 потврдени случаи и најмалку 34 починати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag