Италијанската влада одобри декрет, кој им овозможува на граѓаните да патуваат во странство и да доаѓаат од странство од 3 јуни.
Италија воведе една од најрестриктивните мерки поради ширењето на корона вирусот, пренесува Ројтерс.
Владата дозволи и слободно патување низ целата земја.
Со цел да се намали ширењето на инфекцијата, Италија беше првата европска земја што воведе рестриктивни карантински мерки низ целата земја на почетокот на март.
Владата одлучи да дозволи движење во одделни региони исто така на 3 јуни, што значи дека луѓето ќе можат да ги посетуваат своите пријатели, пренесува Ројтерс.
Овие патувања меѓу регионот и од странство доаѓаат само еден ден по денот на италијанската република на 2 јуни.
Италијанските региони ќе можат да ги рестартираат сите сектори на економијата, сè додека се почитуваат сите безбедносни протоколи.
Пазарите и рестораните низ целата земја се подготвуваат за отворање, што подлежи на строго социјално дистанцирање и засилена хигиена.
Италијанската влада се одлучи за овие мерки по падот на бројот на смртни случаи од вирусот корона, како и бројот на заразените, пишува Ројтерс.
Италија досега има регистрирано 223.885 случаи на коронавирус, а 31.610 лица починале.