Eден Британец решил да го прекине карантинот затоа што веќе не можел да издржи дома со сопругата и децата и еве како помина.
Останете дома е реченица што ја слушаме секој ден од јасни и оправдани причини.
Без оглед каде живеете, се уште има од оние на кои им е тешко да ја издржат изолацијата со домашните, па дури и се подготвени да избегаат по секоја цена.
Полицијата во Велика Британија на тој начин ја опиша на својот Твитер ситуацијата што ја имаат со возачот на БМВ.
Поточно и покрај пропишаниот карантин, возачот се одлучил за патување долго 273 километри.
Кога бил запрен од полицијата, тој се правдал со причината за излегувањето – ДА ИЗБЕГАМ ОД ЖЕНАТА И ДЕЦАТА!
Сопственикот на скапиот автомобил решил да се одмори од своите домашни.
Полицајците му објасниле дека таквата причина не е „неопходна активност“, поради што тој добил пријава, но не е познато кој е износот на казната.