Кристофер Нолан не работи на мали филмови, а судејќи по трејлерот за новиот негов филм Тенет се работи за голем филмски проект, прв по неговото остврарување Данкирк од 2017 година.
Џон Дадив Вашингтон и Роберт Патисон се главни ѕвезди во неговиот научно-фантастичен трилер кој се занимава патувањето во времето и според трвите објави ќе треба да се објаснуваат многу работи во врска со него.
Премиерата на трејлерот ја имаше во мегаломанската и најпопуларна игра Fortnight, а она што успеавме да го дознаеме од него е дека во филмот еден од ликовите пробува да ја спречи Третата светска војна.
„Вооружен само со еден збор – Тенет – се бори за опстанок на целиот свет. Протагонистите патуваат низ темните лавиринти на меѓународната шпиунажа со мисија која ќе се одвива надвор од времето“ – стои во синопсисот на филмот. Како тоа изгледа може да погледате во трејлерот подолу: