Тренерот на фудбалскиот клуб на Ливерпул, Јирген Клоп, во изолираните денови, се обидува да го најде вистинскиот начин да го помине своето време без фудбал.
„Јас правам работи во карантин што никогаш не сум ги пробал, па станав мајстор за миење садови“, рече Клоп. Тој истакна дека се обидел да готви, но дека тоа не му тргнало од рака
– Покрај садовите, се обидувам да зготвам. Јас ја направив првиата кајгана во мојот живот, но мојата сопруга Ула не беше особено импресионирана и ме замоли да не го повторам тоа – истакна харизматичниот Германец.
Откри уште еден интересен факт.
– Имам 52 години и сè уште не знам како да врзам вратоврска, па следната недела ќе работам напорно и ќе се обидам да го совладам и тоа“.
Тренерот на Ливерпул најде друг начин да го намали времето.
– Една од позитивните работи е да пронајдете пријатели од вашите училишни денови. Најдов на социјалните мрежи луѓе кои не сум ги слушнал долго време, а моите пријатели се изненадени од тоа колку сум активен – изјави Клоп за страницата на Ливерпул.