Г-ѓа Олив Веронези има 93-години од Семиноле, Пенсилванија и последниве денови е хит на социјалните медиуми. Најпрво, некој од нејзиното семејство за време на изолазија ја сликал како држи натпис на прозор во кој вели: „Ми треба повеќе пиво“, што ја направи многу позната, а сега бабата добила 150 лименки пиво.
Сликата на Веронези што држи конзерва со американско пиво Coors Light стигнала и до производителите кои решиле да и подарат многу пиво. Пакетите и биле доставени во понеделникот.
„Ми останаа последните 12 лименки. Јас пијам пиво секоја вечер и знаете, пивото е полно со витамини, добро е за вас ако не претерувате “, изјавила Веронези.
Залиха за пола година!
Марк Линдер од компанијата Molson Coors, која го произведува пивото Coors Light, лично ги доставил лименките на г-ѓа Веронези.
„Мојот колега и јас ставивме 10 пакети пиво во автомобилот и ги доставивме до домот на Олив за да се увериме дека може да продолжи да ја зема својата терапија, поточно, едно пиво секоја вечер“, рече Линдер.
Веронеси сериозно ги сфатила мерките на претпазливост поради корона вирусот, па затоа не ја напушта куќата и нема никаков контакт со луѓето, па затоа и била воодушевена од реакциите на социјалните мрежи. Инаку, ако таа продолжи да пие само едно пиво на ден, оваа залиха треба да трае скоро половина година.