Ја понижувале заради 136 килограми, а потоа ослабела 60 килограми!

popara25 мај, 20203min00
слабеење

Кога во јануари 2017 година сфатила дка има 136 килограми, Меган Ленс (26) знаела и како дошло до тоа. Јадела брза храна секој ден, обожавала грицки и благо фрапучино и немала мерка во тоа. Сепак, бројката на вагата ја доживеала како аларм дека нешто мора да промени. Почнала со две клучни работи: се откажала од брзата храна и почнала да готви и купила домашна справа за вежбање, па вежбала секоја вечер по еден час.

Како дополнителна мотивација отворила Инстаграм профил каде што се следел нејзиниот бавен, но сигурен напредик и на тој начин ги поттикнувала и другите да ги споделуваат своите искуства. Една година подоцна таа имала речиси 60 килограми помалку и резултатите биле очигледни.

“Со текот на времето почнав да чувствувам се повеќе енергија. Облеката подобро ми стоеше. Стекнав самодоверба. Се запишав во теретана, а најдобро од се е тоа што навистина одев да вежбам, наместо само да плаќам членарина а да не ја користам”, вели Меган која денес може да се пофали со идеална тежина и форма.

Нејзините оброци денес се состојат од протеини и зеленчук, но си дозволува и “лоши денови” кога се чести со пица или омилените колачи. Но и кога се случува тоа, таа вели дека нема грижа на совест и дека едноставно продолжува со новиот режим на исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag