Умре алигаторот кој го преживеа бомбардирањето во Берлин во Втората Светска Војна!

popara25 мај, 20201min00
алигатор

Алигаторот Сатурн кој ја преживеал Втората Светска Војна во Берлин и за кој се мислело дека му припаѓа на Адолф Хитлер, но подоцна се испоставило дека не е точно, починал во московската золошка градина.

„Нашиот американски алигатор Сатурн Почина од старост. Беше стар околу 84 години, животен век вреден за почит”, се наведува во соопштението од зоолошката градина.

Сатурн е подарен во зоолошката градина во Берлин во 1936 година набрзо откако е роден во САД. Кога се случило бомбардирањето на Берлин во 1943 година, тој избегал од зоолошката градина.

Британски војници го пронашле три часа подоцна и го дале на Советскиот Сојуз. Како го поминувал времето додека го немало, останало мистерија. Од јули 1946 година тој станал вистинска атракција за посетителите во зоолошката градина во Москва.

„Московската зоолошка градина ја имаше честа да биде дом за Сатурн цели 74 години. Тој за нас претставува цела една ера и тоа го кажуваме без претерување. Многу од нас го познаваа уште откако бевме деца. Се надеваме дека не го разочаравме”, се наведува во поопширното соопштение од Москва.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag