Кристијано Роналдо ги искористи неколкуте слободни дена што ги доби од тренерот Маурисио Сари, пред да се врати на подготовките за реваншот со Лион во осмина финалето од Лигата на шампионите, да отплови кон Медитеранот во друштво на неговата сакана Георгина и неговите четири деца, Кристијано Роналдо Јуниор, Матео, Алан Мартин и Ева Марија.
Преносот од нивното крстарење се емитуваше „во живо“ на нивните Инстаграм профили, и милиони фанови беа во можност да го ѕирнат секој агол на јахтата, чија вредност на пазарот се проценува на околу шест милиони евра. Тие пари, сметајќи ја само платата што ја заработува во Јувентус, Роналдо ги заработува за два ипол месеци.
Според медиумите, ако ги земеме предвид бонусите што ги добива месечно, плус спонзорствата со брендовите, оваа јахта беше вистинска ситница и вредеше само малку повеќе од неговата месечна плата.