Откако раперот во својот прв говор како дел од кампањата за претседателството на Америка ги изјави работите што требаше да останат меѓу двајцата, старлетата му е многу лута.
Ким Кардашијан е најпознатата реалити ѕвезда на планетата и повеќе од 10 години има реално шоу кое го следи животот на нејзиното семејство, но далеку од тоа да знае сè за неа. Напротив – претежно само она што нејзината „мајка“ Крис Џенер и таа сака достигнува во јавноста, па емотивниот и шокантен говор што нејзиниот сопруг Канје Вест го даде на својот прв политички митинг предизвика вистински скандал.
Вест, кој сака да стане претседател на Америка, би можел, ако чудесно успее, да остане пред својата прва дама затоа што веќе долго време се шпекулира за нивниот развод, а овој скандал би можел даја прелие чашата. Раперот и дизајнер зборуваше за нивната приватност и, меѓу другото, рече пред стотици луѓе и репортери дека додека Ким ја носела својата ќерка Вест, тие размислувале за абортус.
– Јас водев раперски начин на живот. Седев во Париз, во моите кожни пантолони … Го држев лаптопот и имав креативни идеи. Екранот стана црно-бел и Бог ми рече: “Ако ја з****ш мојата визија, ќе ја з****м и јас твојата. Затоа ја повикав сопругата и и реков: Ќе го имаме ова бебе”… Дури и ако мојата сопруга се разведе од мене после овој говор, таа ја роди Норт кога јас не сакав. Таа стоеше и го заштитуваше тоа дете – рече, меѓу другото, Вест .
Од ова случување, Ким сеуште се нема појавено во јавноста нити огласено на социјалните мрежи. Како што пренесува People, таа не е воодушевена со овој говор.
—Ким е шокирана што Канје зборуваше за Норт на собирот —рече извор близок на семејството. — Бесна е што сподели нешто толку приватно.
Друг извор додаде дека нивниот однос е “значително нарушен”.
Парот, покрај настарата ќерка Норт, ја има и ќерката Чикаго и синовите Сеинт и Псалм.