
Кајли Џенер можеби не е технички повеќе милијардер, но 22-годишната сеуште има нето во вредност од 900 милиони долари и не се плаши да го покаже тоа.
Џенер, своето време во карантин го користи за да ги покаже своите перики, облека, чанти па дури и куќата којашто изминатата година ја купи за 36.5 милиони американски долари. Таа ги покажа нејзините Шанел тениски рекети, но секако, она што привлече највеќе внимание на публиката беше нејзината долна облека.
Нејзините следачи овој пат останаа зачудени од екстремно скапите парчиња долна облека кои ги поседува Кајли Џенер
Таа се разсоблече по забавната ноќ во Беверли Хилс и објави фотографија целиот свет да го види нејзиниот Гучи градник, кој е деликатно украсен и дизајниран.
Според “Page Six”, градникот доаѓа во комплет со соодветни гаќи и чини НЕВЕРОЈАТНИ 1.100 долари.
Ако се прашувавте , Џенер, потрошила 130 милиони долари само минатата година.