Како се наближува есента,а се најавува и враќање на најмладите во училишните клупи и градинки, родителите сè почесто се прашуваат што ќе биде со нивните деца- дали треба да седат дома или да се социјализираат?
И покрај тоа што децата се генерално поотпорни на новиот вирус, сепак забележани се и смртни случаи.
Како да ги препознаете симптомите
Симптомите кај децата и возрасните се речиси идентични: кашлица, треска, губење на сетилото за мирис, тешкотии во дишењето, осип, слабост, поспаност…Но многу од малите деца не покажуваат никакви симптоми, што е супер за нив, но на тој начин стануваат подвижни темпирани бомби.
Дали треба да се тестираат асимптоматските деца, зависи од тоа колку се децата изложени на контакти со други луѓе.
Ретка, но тешка болест поврзана со Ковид-19
Родителите се исплашени и од вестите за појава на мултисистемски воспалителен синдром кај децата. Тоа е ретка и необична појава која може да се манифестира неколку дена, па и недели откако детето било изложено на коронавирус.
Тоа е редок синдром кој наликува на Кавасаки забележан во САД и Велика Британија почесто отколку во другите земји, но никој не знае зошто е тоа така. Просечната ворзат на заболените деца била 8 години, а најмногу заболени имало помеѓу латино и афроамериканските заедници. Овој редок синдром се карактеризира со треска без јасна причина, болки во стомакот, пролив, отечени жлезди, црвенило и тн.
Децата кои патат од овој синдром можат дфа паднат и во шок, да им откажат органи, а крвната слика покажува висок степен на воспаление.
Како да препознаете дали детето е болно или под стрес?
Многу деца на пандемијата реагираат со депресивни состојби или промена на расположението, па тоа може да влијае на нивото на енергија и мотивација. Се советува децата да не ги прашувате на класичен начин дали имаат симптоми како болки во грлото или стомакот. Децата на такви прашања автоматски одговараат со “да” или со “не”. Наместо тоа прашајте ги: Каде не ти е добро? Покажи. Како се чувствуваш? Доколку не сте сигурни обратете се на лекар кој ќе знае да направи разлика дали симптомите се органски или психосоматски.
Заразно дете во училиште
Никогаш нема да бидете сигурни дали на училиште праќате дете со асимптоматска слика на Ковид-19 или не. Затоа препораките се да се тестираат сите кои покажуваат симптоми на болеста, тестирање на учениците и вработените во училиштата и често тестирање на учениците од ризичните заедници.