Слаткарница Magnolia Bakery е позната по серијата Сех и градот, особено по банана пудинг десертот. Ако не сте го пробале тогач верувајте ни дека овој пудинг ќе стане ваш омилен десерт. Со само неколку состојќи овој рецепт може да се направи за многу брзо време. Следете ги упатствата кои ви ги нудиме и уживајте во ова слатко задоволство.
Потребни состојќи:
- 1/2 шољи вода
- 2/3 шољи ванилин пудинг
- 400 мл заблажено кондензирано млеко
- 3 шољи крем
- 340 гр ванилини наполитанки
- 4 банани исецкани
Подготовка:
Измешајте ги заедно водата, пудингот и засладеното млеко додека не добиете течна смеса. Ставете ја во фрижидер барем 4 часа или преку ноќ. Измешајте го кремот додека не омекне и додадете го на претходно направената смеса по третини за да добиете рамномерност. Во сад ставете ред наполитанки, ред сецкани банани и дел од смесата и повторувајте го ова додека не ја искористите целата смеса. Ставете во фризидер уште половина час и потоа може да го сервирате пудингот. Добар апетит!