Како да го подигнеме имунитетот- девет намирници кои треба редовно да ги јадеме!

popara4 април, 20202min00
iStock-1183546647

Сите сме слушнале дека за да се одбраниме од вирусите треба да го подигнеме имунитетот. Тешко е да се избројат сите намирници кои би можеле да се користат за комплетно здравје и за подобрување на имунитетот. Еве само девет он нив кои редовно би требало да се на нашето мени.

1. ЈОГУРТ

Јогуртот содржи многу пробиотички бактерии кои се чувари на доброто здравје. Можеби најдобар меѓу млечните пијалоци е кефирот.

2. БРОКУЛА

Брокулата е најкорисна за организмот ако се јаде свежа или малку проварена. Богата есо витамин Ц, А и Е , како и со други антиоксиданси.

3. СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД

Семките од сончоглед се полни со магнезиум, фосфор, витамин Б6 и Е. Сите тие се потребни за нормално функционирање на имуниот систем.

4. ЛУК

За спречување и лечење на настинки многу често се препорачува конзумирање на лук. Тоа е така заради неговиот карактеристичен спој на алицин, но и заради сулфурот, минерал кој е трет по застапеност во нашиот организам. Јасно е зошто е потребно да го имаме во доволни количини.

5. МЕД

Моќна намирница богата со антиоксиданси, делува против широк спектар на бактерии, вируси, габички… Одличен е за јадење, но и за надворешна употреба. Ако можете да набавите вистински мед, добро е секое утро да изедете по една лажичка, за енергетско полнење на почетокот на денот.

6. ЦРВЕНА ПИПЕРКА

Кога ќе настинеме, ни се советува да земаме што повеќе Ц витамин. Но не треба да се чека болест, се смета дека одбранбениот механизам на телото подобро ќе функционира ако редовно внесуваме доволно количество од овој витамин. Црвената пипека е една од производите кои се најбогати со овој витамин, го има повеќе отколку во цитрусното овошје.

7. СПАНАЌ

Спанаќот, како и сите лиснати зелени зеленчуци, изобилува со антиоксиданси, па се смета добредојден за добар имунитет. Спанаќот можете да го јадете и свеж во салата, но нутриционистите сепак препорачуваат малку да се обработи термички. На тој начин ја испушта соодветната количина од витамин А, кој е силен антиоксиданс, но и други витамини и минерали.

8. ЦВЕКЛО

За здравствени цели особено е популарен сокот од цвекло, вкусен е и од него лесно се апсорбира се што е вредно и се содржи во цвеклото. Изобилува со витамини, меѓу кои најзастапени се витамините Ц, Б1, Б2 и Б12. Цвеклото ги содржи речиси сите потребни минерали, од калиум, калциум, магнезиум и железо, до бром, манган или јод. Неговата силно црвена боја потекнува од антоцијанот, растителен пигмент кој го има и во боровниците и црното грозје, а одлично делува и на работата на срцето и крвните садови, спречува анемија, делува антиканцерогено.

9. ДРЕН

Не толку популарен, но секако исклучително корисен за здравјето е дренот, чиј плод уште се нарекува и супернамирница. Изобилува со танин, пектин, витамини и минерали, плодовите му се полни со витамин Ц, бета-каротен, железо, магнезиум, бакар. Ова стебло може да живее и до 200 години. Не случајно се вели “Здрав како дрен”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma