Неодамна се појави искрено писмо во кое патеписецот Дин, кој заработува пишувајќи претежно за тематски забавни паркови (верувале или не, на светов има и таква професија), раскажува за своите лични доживувања додека седи затворен дома повеќе од еден месец.
Тој вели дека во нормални услови најчесто е во забавниот парк “Волшебниот свет на Хари Потер” дури и кога не е на работа, бидејќи за него тоа е среќно место.
Но, поради неможноста да го посетува паркот во моментов и да ја доживее возбудата, Дин ги чита книгите за Хари Потер. Тој вели дека израснал со овие книги. Нивното објавување го следело детството на Дин, почнувајќи од основно училиште, па сè до во возрасна личност која очајно посакувала да го напушти животот во Алабама.
Според Дин, книгите на Џ.К.Ролинг секогаш биле тука за него како еден вид на бегство од реалноста: од доживеани раскинати врски, болести, смрт на блиски луѓе… Овој пат светот на Хогвартс му нуди оддишка од негативностите на социјалните медиуми и му помага да побегне од својот мал стан.
Но најголемата работа заради која на овој возрасен човек му помагаат книгите на Хари Потер е надежта. Тој страда од клиничка депресија и анксиозност, па седењето во изолација му е навистина тешко. И самата Џ.К.Ролинг изјавила дека многу од епизодите во Хари Потер се базирани на нејзината лична борба со депресијата.
Дин смета дека во време на вакви кризи, на сите ни е потребна магија. Тој барем еднаш дневно се соочува со прашања дали и како пандемијата ќе се одрази врз неговата работа, семејството, пријателите, градот, државата. Овие виртуелни паузи навистина му помагаат и го потстетуваат дека ситуацијата нема да трае вечно.
А Дин не е единствениот кој минува низ тешки времиња.
Затоа, внесете малку магија овие денови!