На врвот на овој вулкан има три кратерски езера со различни
бои. Иако тие го делат врвот на истиот вулкан и се наоѓаат еден до друг,
езерата повремено менуваат бои – од црвена и кафеава, до тиркизна и зелена,
независно една од друга.
Благодарение на специфичните бои на езерото и густата магла околу врвот, Келимуту се смета за свето место, а локалното население верува дека душите на мртвите одат кон едно од трите езера – во зависност од тоа како се однесувале на Земјата.