Кијану Ривс може да биде актерска ѕвезда на филмовите Џон Вик и трилогијата „Матрикс“, но има една голема франшиза во која тој навистина сакаше да учествува.
55-годишниот актер призна дека секогаш сакал да ја игра улогата на Волвирин од франшизата „X-Men“.
Кијану го кажа ова кога разговараше со Алек Винтер за да го промовира својот нов филм ,Бил и Тед лице со музика“.
„Отсекогаш сум сакал да ја играм улогата на Волверин“, му рече тој на домаќинот, кој му рече дека никогаш не е доцна да се исполни тој сон.
Кијану се насмеа и ја протресе главата, спротивставувајќи се: „Премногу е доцна. Но се помирив со тоа“.
Хју Џекмен го играше легендарниот лик на мутантот во скоро сите филмови на франшизата „Х-Мен“ од 2000 година и неговите продолженија, сè до 2017 година, филмот „Логан“ беше официјалното последно појавување на Волверин во овие филмови.