Ким Кардашијан стана милијардерка четири месеци пред својот 40ти роденден

30 јуни, 20200
kim-kardasijan-830x0

Канје Вест (43) ѝ честиташе на сопругата Ким Кардашијан (39) за тоа што официјално стана милијардерка!


Раперот објави емотивна порака до Ким, откако таа се согласи да продаде 20% од акциите на нејзината козметичка куќа, KKW Beauty, на компанијата “Coty” за 200 милиони долари.

  • Јас сум толку горд на мојата убава сопруга Ким Кардашијан Вест, што таа официјално стана милијардерка – започна Канје.
    Преживеа најлуди бури и сега Бог те благословува тебе и нашето семејство. Многу те сакаме!
    – изјави Канје.

Потсетуваме, „Coty“ првично купи 51 процент од компанијата на нејзината сестра, Кајли Џенер.

„Coty“ ја опиша Ким како едно од најпрепознатливите лица во светот со 300 милиони следбеници на нејзиниот личен профил, и на профилите на брендот.

„Ким е вистинска глобална икона на модерното време“, рече Питер Харф, извршен директор.

  • Партнерството со организација како „Coty“ ќе биде од големо значење за промоција на моите брендови, затоа што нивниот глобален дострел овозможува побрза експанзија – изјави Ким во оваа пригода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi