Ким сака да плати за третманот на тинејџерката која ја погоди куршум во лице

popara3 јуни, 20202min00
kim 5

Лицето на Шанин отече и од нејзините очи течеа крвави солзи. Поради овој одвратлив настан, светски познатата Кардашијан,  ја бараше Шанин на социјалните мрежи,  и понуди да ги финансира нејѕините медицински зафати.

На протестот во Луисвил, Кентаки- Америка, поради смртта на Џорџ Флојд, тинејџерката Шанин Шарис беше погодена со куршум во лице. Таа, наводно, стоела и го снимала протестот со својот мобилен телефон кога била повредена. Луѓето почнале да викаат и да бараат медицинска помош кога сфатиле колку штета му нанел овој куршум на лицето.

Таа беше отечена и со изгубен вид, а куршумот и отсече и дел од кожата на главата. Таа најави сè на социјалните мрежи. Кога Ким Кардашијан Вест (39) дознала што се случило со Шанин, таа ги замолила нејзините следбеници да и помогнат да ја најдат, бидејќи сакал да стапи во контакт со неа.

– Ова е вознемирувачко и ми го крши срцето. Дали некој знае како да дојдам до неа? Јас би сакала да и помогнам во третманот ако и е потребна помош – напиша Ким. Луѓето почнаа да ја обележуваат Ким на профилот на Шанин и со тоа и помогнаа да ја пронајде.

Ова не е првпат Ким да се залага за правда на „малите“ и „обичните“ луѓе. Таа ангажираше адвокати кои помогнаа да излезат од затвор десетици луѓе, а заради сето тоа мораше да соработува со американскиот претседател Доналд Трамп (73).

Да се потсетиме, протестите во Америка траат со денови затоа што поранешниот полицаец од Минеаполис Дерек Човин (44) со коленото го “згмечи” вратот на 46-годишниот Џорџ Флојд и го уби. Тој е обвинет за убиство на Флојд, кого се обидел насилно да го уапси. Го задушуваше осум минути и 46 секунди. Од моментот кога Флојд престана да реагира, Дерек го притискаше неговиот врат уште две минути и 53 секунди.

Тој е обвинет за убиство од трет степен и убиство без предумисла, а за тоа во Минесота предвидената казна е  25 години затвор. Сите го осудуваат ова злосторство и повикуваат на прекин на расистичките пораки и мислења.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag