После целава НЕНОРМАЛНОСТ, дали ни следи оваа Корона реалност?!

popara3 јуни, 20204min00
realnost

САД: Пластичниот параван им овозможи на бабата и внуката да се гушкнат за прв пат по месеци

Прегратки преку пластични паравани, училници на отворено и излети со социјално растојание. Погледнете како изгледа секојдневието низ целиот свет по карантинот.

Светот се смени.

Пандемијата на вирусот корона влијаеше на секој од нас, без оглед каде во светот живееме.

Додека некои држави ги олеснуваат карантинските мерки, погледнете фотографии од различни делови на светот кои покажуваат како изгледа секојдневието денес – и ќе остане така за барем некое време што доаѓа.

Училници

Италија: Воспитувачка на настава во природа

Повторното отворање училишта и градинки, истовремено почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање, е голем предизвик и за наставниците и за децата.

Училниците како што ги знаевме досега, се прилагодуваат на новите услови, а многу родители, особено оние со помлади деца, се загрижени за тоа како малите ќе успеат да ја задржат дистанцата.

Во италијанскиот град Ивреа, две градинки ги отворија своите дворови како дел од пилот-програмата за тестирање на начини во кои може да се одржат часови по карантин.

Паркови

САД: Седењето на трева повеќе не е исто

Се сеќавате на долгите прошетки во паркот и бројните семејства кои се одмараат на тревата, додека други џогираат покрај нив? Парковите изгледаат малку поразлично по карантинот.

Многу игралишта се затворени, а некои зелени површини се отворени за посетители, со задолжителни мерки за социјално растојание. Во Домино Парк во Бруклин, луѓето се одмараат и се сончаат во кругови нацртани на тревата, кои служат како потсетник за потребното растојание.

Работа

Јужна Африка: Ни продажбата на цвеќиња не е како што беше

Многумина работеа од дома за време на карантинот, комуницирајќи со колегите преку видео повик.

Сепак, деловните згради мора да се прилагодат на враќањето на вработените на работните места. Транспарентни пластични кутии се сместени во овој магацин во Јоханесбург, каде на аукции се продаваат и по 300 милиони цвеќиња.

Пазарење

Холандија: За одело по мерка – преку плексиглас кутија

Пазарот исто така се смени. Интернет-шопингот станува сè попопуларен, а многу супермаркети сè уште се ограничени со бројот на луѓе, поради што се појавуваат редици на влезот.

Една кројачка продавница во Ротердам, Холандија користи Плексиглас кутии за да овозможи безбеден контакт со клиентите.

Кројачот може да ги извади рацете низ дупките од кутијата за да земе мерка.

Одење во ресторан

Тајланд: Секој има ручек во својата коцка

Дали одењето во ресторан некогаш повторно ќе биде исто? Луѓето седат со маси одделени со пластифицирани картонски прегради во Бангкок, Тајланд.

Многу ресторани поставија прегради и го намалија бројот на места за да обезбедат безбедно растојание помеѓу клиентите.

Концерти

Јужна Кореја: Концертетите ќе ги слушаме од автомобите во наредниот период

Иако во овој момент животот не функционира според вообичаениот ритам, тоа не значи дека не можеме да уживаме во работите што ги сакаме, како што е музиката.

Едноставно значи дека концертите во наредниот период ќе изгледаат малку поинаку, како оној што се одржува во градот Гојанг, Јужна Кореја.

Посетителите можеа да слушаат музика во живо – поп, инди и класика – за време на тридневниот фестивал, на кој присуствуваа голем број на луѓе. Сите беа на безбедно растојание, во удобноста на своите автомобили.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag