
Тенисерот за само неколку секунди успеа да ја налути јавноста
Роџер Федерер се најде на насловните страници на светските спортски списанија од утрово. Познатиот тенисер, кој оваа година имаше операција на коленото, успеа со еден потег да создаде општ хаос и огромен проблем за себе. Имено, веднаш штом се стиши бурата околу Новак и злонамерните коментари дека не требаше да го организира хуманитарниот турнир „Адрија Тур“ среде вирусот корона, еве нови вести од светот на тенисот.
Еден од најострите напади на големиот Ноле беше во режија на Бен Ротенберг, новинар на „New York Times“ и еден од најдобрите тениски експерти во светот. Тој не се двоумеше да го стави најдобриот тенисер на светот на столбот на срамот, но се чини дека дојде време да се „префрлат“ од Џоковиќ кон Федерер.
Првиот човек на специјализираниот тениски сајт „Punto de Break“, Хоус Морон, остро го критикуваше Швајцарецот кој се сликаше со фановите без маска.
– Мораме да го повториме она што го кажавме за Џоковиќ. Роџер Федерер се сликаше со фановите, но тој не носеше маска и не држеше дистанца од еден метар. Може да се види и дека му бише дадено и пенкало за да го даде својот автограм. Погрешно – напиша Морон на „Твитер“, а јавноста едвај чекаше да истури критики и осуди на сметката на Роџер.
Иако Роџер е на пауза во поголемиот дел од годината и се опоравува од операцијата на коленото, медиумите исто така се немилосрдни кон него. Тој го најави враќањето на теренот во 2021 година, но во тој случај веројатно ќе мора да гледа што прави во јавноста за да го зачува својот углед во светот на тенисот.