Многу луѓе имаат проблеми со спиењето, а несоницата има последици во многу области од животот, од замор и стрес до здравствени проблеми. Еве како конечно да заспиете!
Добриот и квалитетен сон е неверојатно важен, му помага на мозокот да функционира правилно и брзо.
Недостатокот на сон влијае и на учењето, меморијата, расположението, емоциите и различните биолошки функции.
Овие 5 трикови гарантираат убав сон!
- Техника 4-7-8
Ставете го врвот на јазикот зад горните предни заби, издишете целосно преку уста. Затворете ја устата и вдишете низ носот додека броите до четири во себе. Потоа задржете го здивот и избројте до седум. Отворете ја устата, издишете целосно и гласно додека броите до осум. Повторете го ова најмалку три до четири пати. Оваа техника релаксира и гарантира брз сон. - Пуштете релаксирачка музика
Многу студии покажаа дека одредена музика влијае на квалитетот на сонот и ја решава несоницата. Тајната е да слушате будистичка музика пред спиење. Мелодијата и ритамот на овие песни, во нашиот ум, предизвикуваат релаксација што ве заспива. - Фокусирајте се да останете будни
Овој трик веројатно звучи чудно, но на овој начин ќе можете да заспиете. Ако легнете и се присилите да заспиете, само го зголемувате стресот. Обидете се да се присилите да не спиете, нивото на стрес е помало затоа што веќе сте будни, ќе сфатите дека ова работи наутро кога ќе се разбудите и ќе бидете наспани. - Вежбајте во текот на денот
Физичката активност се смета за многу важна за добар и здрав сон. Исцрпете го вашето тело во текот на денот за полесно да заспиете. Студиите покажаа дека трчањето, вежбањето или одењето во теретана наутро е многу подобро, бидејќи телото веќе добива енергија откако ќе станете, што полека ја троши во текот на денот. - Престанете да гледате во часовникот
Ако ја гледате секоја секунда од часот и се нервирате што сè уште не сте заспале, го зголемувате стресот и уште повеќе се мачите. Обидете се да ги тргнете сите часовници што се околу вас и да го смирите вашето тело.
Пробајте некои од овие трикови и конечно заспијте мирно и брзо!