Последниве месеци ширум светот, заради пандемијата на корона вирусот, сите поминавме време во самоизолација па оттука, грижата за самите себе и домашните обврски беа препуштени токму на нас.
Фризерите ширум светот по пат на друштвените мрежи даваа совети на луѓето како сами да се шишаат или пак да ја освежат боја.
Во овој период, најмногу се зборуваше како по дома да ги скратите сами шишките.
Бела Хадид сподели со своите следачи како на неа и стојат “домашно скратените” шишки.
Кратките шишки почнале да се носат во 60-тите години кога се испробувале многу различни, тогаш револуционерно поинакви стилови, искажувајќи ја на тој начин својата индивидуалност. Се носеле сосема рамно скратени и до трепките, кои всушност во извесно време биле и заштитен знак на глумицата Брижит Бардо.
Затоа Гарен, фризерот кој се грижи за косата на славните, им објасни на сите дами како може најлесно и најсигурно да скратат шишки.
“Шишките не се за секого”, кажува Гарен и предупредува дека за носење шишки треба да имате самодоверба, а фризурата би требало да ја прави некој кој се разбира и кој може да процени каков е вашиот облик на лице и да знае кои облици можат да поднесат шишки.
За оние кои сепак ќе се осмелат сами да ги скратат шишките, Гарен кажува дека се потребни остри ножички, спреј за распрснување, неколку шноли за коса, чешел со широки и тесни запци, фен за коса и округла четка.
За почеток, тукушто измиената коса треба правилно да се одвои така да предниот дел кој го кратите да остане распуштен, а останатото да се фати со шнолите и да се стави позади уши.
“Пазeте да не ја кратите косата која не оди нанапред, па да ви се залепи за лице” – потенцира фризерот