Ѕвездата на реалнили Клои Кардашијан откри дека по раѓањето успеала да изгуби дури 30 кг и да ја постигне посакуваната тежина.
Клои ја родила ќерката Тру, во 2018 година, а после тоа имала проблем со прекумерната телесна тежина.
– Ако сакате да изгубите тежина и тоа да го видите, тогаш мора да комбинирате вежбање и диета. Сега ја имам мојата посакувана тежина од 68 кг, понекогаш тоа оди малку пониско, а потоа сум особено среќна – рече таа.
– Сега сум повеќе фокусирана на вежбање отколку на диета. Во моментот, јас не се грижам строго за тоа што јадам, но тоа не значи дека јадам чипс – рече Клои и објасни дека никогаш не сакала да живее очаен живот каде би се лишувала од омилената храна само заради нејзината тежина.
– Повеќе сум во корист на потење малку повеќе во салата отколку да не јадам она што ми се допаѓа – вели таа.
Нејзината постара сестра Кортни открила дека е ефективно погодена од популарната Кето диета во комбинација со вежбање.
Клои им порача на сите дека е важно да се најде добар баланс помеѓу диетата и вежбањето. Кога се роди Тру, тежев 92 килограми. Одев полека и ја достигнав мојата цел – рече Клои