Поранешниот креативен директор на Вог и воедно поранешен пријател на уредничката на ова списание, напиша книга од која Ана Винтур се плаши.
Андре Леон Тали во својата книга наведува дека Ана никогаш не била заинтересирана за мода и дека сè што таа сакала е моќ. Тали споменува и голем број на дизајнери од високата мода.
“Модата никогаш не ја интересираше, сè што таа сакаше е моќ”
Тали рече дека не се плаши од одмазда, и покрај тоа што влијанието на Ана е ослабено, таа сепак има можност да одлучи за нечија кариера. Тој рече дека таа веќе добила една копија од книгата и дека побарала од него да ги отстрани деловите што зборувале за нејзиното семејство.
Книгата која ќе го раздрма модниот свет кога ќе излезе, е автобиографија на Тали. Покрај Ана Винтур, ќе можеме да прочитаме пикантност за Карл Лагерфилд, со кого Тали беше добар пријател, но и за Ив Сен Лорeн.