Кого пред-изборно “ОПАРИ” владата со 500.000 евра? Списокот од 40 невладини организации кои се “омрсија” со буџетски средства.

popara16 јуни, 20202min00
pari

Предизборно, Владата додели просечно по околу 10.000 евра на 40 невладини организации и фондации, преку проект за помош и справување со Ковид 19 кризата. Дури и ако се занемари периодот на делење пари пред избори, чесната и добра намера на владејачката СДСМ е ставена под знак прашалник, ако се погледне списокот на добитници на вакви грантови. На него, случајно или не, фигурираат организацијата на Јасна Мандиќ, која заедно со Боки 13 е обвинета за случајот “Рекет”, неколку организации кои во 2018 и 2019 година немале никакви проектни активности, организација од с. Слатино која добила грант за развој на информатички алатки за развој на локалниот пазар, организација од с. Зрновци, која ќе креира дигитални вештини за земјоделците, повеќе организации кои имаат звучни имиња за сопственици… И сево ова под капата на насловот “финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со ковид-19 кризата.”

Во предлозите за тоа кој како ќе се справува со ковид-19 кризата главно пишува дека парите ќе се потрошат за „едукација на населението за подигање на свеста за справување со пандемијата предизвикана со корона вирусот“, за „програма за психосоцијална помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство“, за „подигнување на свеста за опасноста од ковид-19 преку квалитетно новинарство“ и така натаму, и така натаму…

Не изостанаа и бурните реакции на јавноста по доделените финансиски средства. Како пример, со свои аргументи, реагираше фондацијата Импакт нет. Од таму прашаа како е можно од  пристигнати 549  апликации, секоја со најмалку десетина страници, комисијата за само два дена да ги разгледа и да донесе сериозна одлука. Велат дека согласно објавената листа на организации кои треба да добијат финансиски средства се констатира  дека не е запазен критериумот средствата да бидат наменети во градови и места каде кризата со ковид-19 е позастапена и проблемот е горлив, а средствата се наменети во места каде не постојат случаи на заразени со ковид-19, дека не постои рамномерна регионална распределба на финансиите, туку постои концентрација само во неколку општини. Дел од активностите и предложените проекти не соодвествуваат со тематиката на конкурсот за справување со кризата. Заради ова, од фондацијата Импакт нет бараат  поништување на одлуката за доделување на финансии за поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со ковид-19 и назначување на нова комисија која ќе одлучува повторно на соодветен начин.

Воедно, со оглед на фактот што се работи за буџетски пари, оваа фондација не е едниствената што бара одговори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag