Која е разликата помеѓу second hand и vintage гардероба?

30 април, 20200
garderoba

Благодарение на истражувањето во последниве години, но за жал со очигледни примери од светот на екологијата, текстилната индустрија е ставена на црната листа – се наоѓа високо на третото место, на најголемите глобални загадувачи.

Затоа многу еколошки движења, како и оние модно освестените, се обидуваат да го привлечат вниманието дека е време да ги промениме нашите навики на купување.

Ова се причините зошто поголем број на трендсетерки кои набавуваат облека од „втора рака“ ја промовираат vintage гардеробата како најпосакуван тренд.

Друга причина зошто оваа категорија на облека се здоби со поголема важност во светот на модата е заради големата понуда и зголемената достапност на она што ќе го видиме на модните писти, денес ги наоѓаме многу слични на излозите на high-street брендови, и со тоа снемува оргинални парчиња.

Во превод: Побарувачката за second hand и vintage гардеробата никогаш не била поголема.

Сепак, постои значителна разлика помеѓу гардероба која се декларира како vintage и онаа што се декларира како second hand.

И ова е нашето упатство, што е всушност многу јасно: во second hand спаѓа сè што доаѓа од втора рака или она што некој веќе предходно го носел. И во никој случај тоа  не значи еден сопственик, не мора да биде точно од „втора рака“, туку може да биде од трета, па дури и пета.

Кога станува збор за vintage гардероба, најдоброто упатство да се направи појасна оваа дефиниција, се однесува на следново: тоа е претежно опис на вина што доаѓаат од годините на добра берба. Значи, vintage автоматски означува квалитет.

A добар гроздобер во светот на модата укажува на 80-тите, 70-тите и 20-тите години на минатиот век. Исто така, vintage парчиња се сметаат оние кои се произведени пред најмалку 20 години. До 1920-тите. Сè што е после тој период, она што е старо над сто години, се смета за антички парчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi