Kорисни совети за избор на совршениот градник кога носите отворени модни парчиња

popara2 јуни, 20202min00
imageedit_88_5756051902

Топлото време е идеално за отворени фустани и необични маички, но многу модни комбинации стануваат вистински предизвик ако го немате вистинскиот градник. Еден од најпрактичните градници за фустани е оној чии прерамки можат да се извадат. Таквиот градник можете да го носите со фустани без прерамки, или да ги прилагодите прерамките со оние на фустанот.

Најдобриот избор за незабележливи градници се оние без чипка или видливи конци, црни, бели или во бојата на вашата кожа. За да не ви се гледа градникот на фустан со длабоко деколте, изберете некој што е исто така длабок и е поврзан со прозирна трака.

За фустан или маичка со тенки прерамки градникот без прерамки е исто така добра идеја, но внимавајте бројот да ви одговара совршено за да не морате постојано да го местите.

Ако веќе се гледа, нека биде чипкаст

Ако имате парче облека кое е отворено од страните и на деколтето, и не можете да го сокриете градникот, изберете некој убав чипкан градник. Направете го и него дел од вашиот аутфит, па така можете да изберете и некој со интересна форма на грбот. Ако сепак не сакате да се гледа, овде повторно е добар избор оној со боја на кожа.

Со фустани со отворен грб се носат лепенки за гради

Фустаните со отворен грб претставуваат посебен предизвик, но можете безгрижно да ги носите со лепенки за брадавици. Многубројни ѕвезди го прават истото, а нема да ви се наруши изгледот.

Самолепливи кошнички се решение за секое комплицирано парче

Ако носите фустан или маичка што е отворена напред и до папукот, на градите ставете самолепливи силиконски кошнички. Тие ќе ве покријат и ќе ви дадат облик без да се гледаат. Но за да ги изберете најдобрите, понесете го фустанот или маичката со вас кога ќе ги купувате за да видите како изгледаат.

Како да ја најдете вистинската големина?

  • Основна големина: Исправете се и опуштете се, па со метро измерете го обемот точно под градите.
  • Кошнички: Измерете го обемот на градите преку грбот каде што се закопчува градникот и преку брадавиците.
  • Вашата големина: на дадените големини во продавниците за долна облека споредете ги вашите мерки за основната големина па големината на кошничката.
  • По мерка: Додека го ставате градникот, наведнете се за градите да легнат во кошничката совршено.
  • Не ви одговара ако: Се подигнува на грбот или ако ги кренете рацете.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag