Користете ги правилно најсилните женски оружја: Вообичаени грешки при нанесување на црвен кармин

29 јануари, 20200
Female face closeup. Red lips makeup with bright red lipstick on black background

Црвениот кармин е симбол на женственост и заводливост, честопати сам по себе е толку ефикасен што не ви требаат дополнителни додатоци.

Одамна се верува дека црвениот кармин е многу силен за дневно носење и е премногу еротски. Неодамна била спроведена анкета со која се испитувало како црвениот кармин влијае на околината. Резултатот покажа дека жените со црвен кармин се посигурни – или барем така им делувале на другите. Дури 92,2 проценти од жените анкетирани од различни професии кажале дека црвениот кармин на работното место е сосема прифатлив, а 46,6 проценти кажале дека црвениот кармин е исто така добар избор за деловни разговори.

Меѓутоа, за најдобро да се искористи најмоќното женско оружје, важно е да се знае како правилно треба да се користи.

Затоа ви ги претставуваме едни од најчестите грешки што се прават при нанесување на црвен кармин и како да ги избегнувате истите.

Недоволно хидрирани усни
Иако повеќето кармини од новата генерација сами по себе се хидрантни, дополнителната хидратација на усните нема да наштети, особено кога седите во климатизирана просторија. Затоа експертите советуваат прво да се нанесе густ слој на мелем балзам за усни, да отстои кратко пред да се извади со марамче, а потоа да се нанесе црвен кармин.

Избегнување на пилинг
Правете секојдневно пилинг на усните со пешкир или мека четка за заби, внимавајќи да не ја оштетите кожата и потоа нанесете мелем балзам или крема. Ова е особено важно ако нанесувате мат кармин.

Несоодветна нијанса на молив за усни
Користете моливи кои имаат кожа боја за да ги направат вашите усни визуелно поголеми или пак нанесете молив за усни со боја како карминот кој сакате да го нанесете.

Не ја заборавајте основата
Ако сакате да избегнете црвен кармин на забите и да се осигурате дека карминот ќе биде постојано стабилен, нанесете основа пред да го нанесете карминот на усните. Основата може да биде бебе крема или пудра.

Техника на нанесување
Без разлика дали сте навикнати да нанесувате кармин со прсти или со четка, секогаш нанесувајте го од средина кон рабовите на усните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi