Корона вирусот има една сличност со ХИВ! Стравувањата на лекарите се остварија, еве што им прави вирусот на клетките

popara12 април, 20201min00
korona 1

Научниците кои го испитуваат корона вирусот откриле дека неговите клетки имаат можност да уништат здрави клетки чија цел е да се борат против него.

Тим истражувачи од Шангајскиот универзитет „Фудан“ и центарот за трансфузија во Њујорк ја истражувале можноста на вирусот да ги убие најмоќните имуни клетки, имено оние што се здружени за борба против корона вирусот.

Нивните откритија беа објавени оваа недела во медицинскиот весник „Cellular and Molecular Immunology“, за жал потврдувајќи ги стравувањата кои докторите претходно ги изразија дека вирусот може да нанесе слична штета на онаа што се гледа кај пациентите со ХИВ.

Во нивниот експеримент, научниците ги „прицврстиле“ клетките на вирусот корона на лабораториски одгледаните Т-клетки.

Т-клетките или Т-лимфоцитите играат интегрална улога во способноста на организмот да пронајде и уништи страни клетки во организмот. Обично, Т-клетките се способни да ја заробат вирусната заразена ќелија, да направат дупка и инјектираат хемикалии во мембраната, што потоа ги уништува и вирусот и клетката .

Меѓутоа, она на што не се надеваа, сепак, беше дека корона висусот „зема заложници“ Т-клетки, кои потоа не се во можност да ја извршат својата функција.

Сличен експеримент беше извршен на вирусот САРС, но истиот немаше ист ефект врз Т-клетките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag