Корона вирусот може да влијае на мозокот и нервниот систем: Ова се симптомите!

popara13 април, 20201min00
korona naslovna

Овие симптоми на почетокот на болеста можат да откријат кои пациентите се со висок ризик.

Коронавирусот го оштетува мозокот и нервниот систем на половина од сериозно болните пациенти и на третина од сите заразени, се вели во студијата на пациенти во кинескиот град Вухан.

Симптомите кај таквите пациенти вклучуваат нејасен говор, нервни болки и напади.

Студијата за прв пат ја потврди поврзаноста помеѓу проблемите со мозокот и корона вирусот, а покрај тоа сугерира дека ваквите симптоми може да укажуваат на пациенти со висок ризик, пишува Дејли Меил.

Студијата опфаќа 214 пациенти од болницата во Вухан, градот каде започна пандемијата и е спроведена од средината на јануари до средината на февруари. Водена од страна на неврологот Бо Ху од универзитетот Хуажонг.

Три категории на симптоми

Научниците ги поделиле невролошките симптоми во три категории. Првиот е симптоми кои се манифестираат на централниот нервен систем, како што се вртоглавица, главоболка, губење на свеста, акутна цереброваскуларна болест, губење на координацијата и напади.

Во втората категорија, симптомите се поврзани со периферниот нервен систем, како што се нарушувања на вкусот, мирисот, видот и болка на нервите, додека третата се состои од повреди на скелетните мускули.

Вкупно 78 пациенти (36,4% од испитаниците) имале невролошки симптоми. Споредено со пациенти со поблаги симптоми, тешко болните пациенти биле претежно во постара возраст, веќе страдале од нарушено здравје, специјална хипертензија, а покажувале и помалку типични симптоми на КОВИД-19, како што се треска и кашлица.

Пациентите со тешка инфекција покажале невролошки симптоми, како што се цереброваскуларни заболувања (5 : 1), губење на свеста (13 : 3) и повреда на скелетните мускули (17 : 6), се вели во студијата.

Кинеските научници ги советуваат лекарите кои се среќаваат со такви пациенти да ги земат во превид сериозните акутни респираторни синдроми за да избегнат задоцнето или погрешно дијагностицирање.

Наспроти мислењето на другите експерти

Од друга страна, вирусологот Јан Џоунс од универзитетот во Ридинг смета дека невролошките компликации на КОВИД-19 вреди да се набљудуваат, но дека тие не треба да го насочуваат фокусот од респираторно нарушување.

Тој посочува дека половина од пациентите во студијата биле претходно болни. Исто така, предупредува дека опишани невролошките симптоми се симптоми на САРС (други видови на корона вирус), но тие биле минливи и не биле присутни кај сите пациенти.

„Се случува, но генерално тоа не го прави корона вирусот. Во овој момент на невролошките компликации најдобро е да се гледа како последица на сериозноста на КОВИД-19, а не како нов симптом“, вели Џонс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag