Короната дефинитивно ќе го промени начинот на патување, но ќе влијае и на нашата безбедност

popara1 јуни, 20201min00
1584370920803-putovanja-ne-830x0

Дали е возможно по завршувањето на пандемијата на корона вирусот работите да се вратат во нормала е прашање кое е сосема логично.

Ова посебно се однесува на безбедноста на социјалните контакти кои не можат да бидат избегнати, како што на пример е летањето со авион.

Многу американски авио компании уште сега се обидуваат да им помогнат на своите патници, кои мора да патуваат во вакви момент, да го намалат стравот од идна социјализација и страв од контакт во авионите.

Промени кои им помагаат на патниците

Почитувајќи ги максимално препораките на Светската здраствена организација, владата на САД и останатите релевантни институции, бројни американски авио компании воведоа нови правила. На тој начин, сакаат прво да им помогнат на своите патници во моментов но и во иднина.

Управата за безбедност на сообраќајот соопштила дека бројот на луѓе кои патуваат со авион во овој момент го достигнал минимумот во последниве 10 години.

Многу авио компании дури им нудат на своите патници да носат сопствена храна и пијалок во авионот, кое порано знаеме сите беше забрането. Исто така се трудат да го избегнат на секој можен начин контактот помеѓу патниците и екипажот, па затоа на пократките летови воопшто не служат храна и пијалоци. На подолгите летови тие се служат но со зголемена мерки на заштита, за доброто на сите.

Некои авио компании од САД посебно водат грижа за тоа како и каде ќе бидат сместени патниците. Односно во зависност на распоредот на седиштата во авионот, патниците обично се сместуваат на седиштето до прозорот со цел средните седишта да се празни. Во случај некој да се чувствува непријатно или да мисли дека е преблиску до некој друг патник, има право да се премести но дури откако сите патницци на тој лет ќе се качат во авионот.

Понесете си свои средства за дезинфекција ако сакате

Она што порано беше незамисливо, денес станува возможно. Американските авио компании им дозволуваат на патниците да си понесат сопствени средства за дезинфекција, односно дезинфекциони средства за раце на база на алкохол чија количина не смее да биде повеќе од 300 гр од патник.

Апсолутно сите компании во земјата максимнално ги почитуваат правилата за препорачаната социјална дистанца. Официјално се препорачува и секој патник да ги почитува мерките, односно да носи маска, мие раце со топла вода и сапун минимум 20 секунди и се разбира да се самоизолира, доколку осети било какви симптоми на COVID 19 вирусот.

И на аеродромите е безбедно

За да им се обезбеди безбедност на сите патници, надлежните се погрижиле и за дезинфекција на аеродромот. Повеќето локали на американските аеродроми се затворени моментално или работат со изменето работно време и прилагодено на новонастанатата ситуација. На меѓународниот аеродром во Лос Анџелес барем еднаш на 1 час се врши дезинфекција на тоалетите, додека на аеродромот во Нешвил ги затвараат тоалетите на секои два часа за да бидат дезинфицирани според правилата.

Она што е најважно и треба да го знаеме е дека животот во некој момент ќе се врати во нормала. Се што научивме и прифативме од добрите навики за време на пандемијата секако треба да ги применуваме и понатаму, и на тој начин да ја осигураме безбедноста на сите сегменти на нашиот живот. Кога ќе ги преземете сите мерки, немате веќе причини да се грижите, туку само да уживате во вашиот лет до избраната дестинација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag