Короната не помина, а веќе ни се заканува нова пандемија!

popara18 мај, 20201min00
амазонија

Научниците велат дека урбанизацијата на дивите предели придонесува за појава на зоонотски болести, оние кои се пренесуваат од животни на луѓе.

Тоа го вклучува и новиот вирус кој најверојатно се пренел од лилјак на луѓе во кинеската покраина Хубеи.

Научници кои го проучуваат човечкото влијание врз екосистемот на тропските шуми тврдат дека истиот процес се случува во Амазонија.

– Амазонија е огромен резервоар на вируси. Подобро е да не си ја предизвикуваме среќата- изјавиле тие.

Најголемата светска прашума исчезнува со вознемирувачка брзина, а дефорестацијата на Амазон значително е зголемена во изминатава година, прва во мандатот на десничарот и климстски скептик Болсонаро кој сака да ги отвори заштитените домородни области за рударење и земјоделство.

Трендот продолжува и оваа година, па така од јануари до април се избришани околу 1200 квадратни километри шума, што е нов рекорд за еден квартал.

Слично се случило и при појавата на ХИВ, Ебола и Денга треската.

– Вирусите се појавија и раширија заради еколошката нерамнотежа- изјавиле научниците.

Досега поголемите епидемии биле концентрирани во Јужна Азија и Африка.

– Големиот биодиверзитет може да ја претвори Амазонија во најголем светски басен на коронавируси- изјавиле научниците, мислејќи генерално на коронавирусите, а не само на последниот кој ја предизвика моменталната пандемија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag