КОРОНАТА ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА УШТЕ ЕДНА РОДИЛКА! Д-р Шолјанин почина, се знае каква е состојбата на бебето

10 август, 20200
Annotation 2020-08-10 000640

Неофицијално се знае дека починала Белма Шолјанин, директорката на Институтот мајка и дете.

Родилката, Белма Шолјанин (37), која била заразена со вирусот корона, почина денес во Сараево, три дена по раѓањето, јавуваат медиумите од БиХ.

Информацијата за смртта на мајката ја потврди генералниот директор на КЦУС, Себија Изетбеговиќ, во која се наведува дека бебето е добро и дека по два теста е негативно на вирусот.

„Дневни аваз“ неофицијално дознава дека починала Белма Шолјанин, директорка на Институтот  мајка и дете, филантроп кој им помагаше на младите мајки и трудници полесно и успешно да ја разберат улогата на родителството.

Таа е ко-основач на Здружението и група на Фејсбук Центар за бремени жени и млади мајки – Здружение за советување ТИМ, каде жени од цела БиХ и регионот бараа совети и споделуваа искуства за бременост, породување, доење, мајчинство.

Во 35-та недела од бременоста била примена во Изолаториумот во Подхрастови, а се породила пред три дена во ГАК и била вратена во одделот за изолација.

Покрај новороденчето, Белма ги остави и нејзиниот сопруг и двете ќерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi