Коронавирусот е скриен на едно необично место: Најновото истражување ја отежнува борбата против најголемата закана на 21 век!

popara1 август, 20201min00
korona usi

Екипа на оториноларинголози и патолози откриле дека коронавирусот може удобно да се смести во средното уво и мастоидниот регион на главата зад увото, кој содржи неколку шупливи простори за кои се верува дека ја ублажуваат траумата и го штитат средното и внатрешното уво.

Лекарите извршиле обдукција на тројца пациенти кои се тестирале позитивно за коронавирус и биле симптоматски на „Ковид-19“ пред смртта.

Забележале дека може да има многу други фактори и коморбидитети кои влијаат на колонизацијата на мастоидот и средното уво од страна на коронавирусот, и тие можат да се разликуваат кај живиот домаќин.

Koronavirus u Srbiji


Новото откритие значи дека отоларинголозите, кои можеби биле порелаксирани при преглед на своите пациенти, се изложени на директен ризик од „фаќање“ на вирусот.

Студијата за програмата за обдукција на истражувањата во болницата „Hopон Хопкинс“ траеше шест месеци и беше објавена на 23 јули.

И покрај признавањето на ограничувањата на нивната студија, истражувачите сепак советуваа медицински персонал да преземе дополнителни заштитни мерки – како што се носење маски или прочистувачи на воздухот – при вршење на ушни прегледи и операции на уво.

Истражувачите исто така апелираа до нивните колеги да не ги релаксираат правилата за социјално растојание во просториите на чекање на клиниките.

Случаите на „Ковид-19“ почнаа да растат повторно, при што многу земји воведуваат нови ограничувања, додека научниците ширум светот се обидуваат да направат соодветна вакцина што е можно поскоро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma