Коронавирусот го погоди и семејството на најмоќната модна уредничка!

popara7 април, 20201min00
ana v1

Чарлс Шафер(35), синот на Ана Винтур, легендарната уредничка на модноти списание Vogue е инфициран со вирусот КОВИД-19 и во моментов е во домашна изолација, одвоен од семејството за да не го зарази.

– Мојот син е лекар, но сега и самиот е многу болен…Секогаш е најкритично на првата линија од одбраната…Чарлс во моментов е изолиран од сопругата и двете мали ќерки, но ќе се врати на работа во болницата веднаш штом ќе се подобри- изјавила 70годишната Винтур.
Најмоќната уредничка на светот им се заблагодарила на сите здравствени работници кои како и нејзиниот син, се борат против пандемијата.

– Толку сум горда на Чарлс, на сите лекари и медицински сестри кои секојдневно спасуваат човечки животи. Да ова е тешко и тажно време за сите нас, но и време за благодарност…

Заштитни маски за лице, социјално дистанцирање, недели поминати дома- животот потполно ни се промени. Размислувам за сите оние мали и убави работи кои до неодамна ги земавме здраво за готово- одење на театар, вечери со пријателите, одење на работа- сега целиот тој раскош ми се чини нереален и невозможен- заклучила Ана

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag