Подобриот квалитет на воздухот
Светот е во мирување, од мелницата што човекот ја создал и со неа уништува се. Но ненадејното исклучување на повеќето индустриски активности драматично го намали нивото на загаденост на воздухот. Од сателитските слики се открива пад на глобалното ниво на азотниот диоксид (NO2), гас кој првенствено се испушта од моторните возила и комерцијалните производствени погони и е главниот виновник за слабиот квалитет на воздухот во поголемите градови.
Емисиите на СО2 паѓаат
Концентрациите на јалгерод диоксид (CO2), исто така, со голем замав се намалија во пресрет на пандемската криза КОВИД-19. Кога економската активност е во застој, така и емисиите на СО2 се наклонети – всушност последен пат кога се подобри квалитетот на воздухот беше за време на финансиската криза 2008-2009 година. Само во Кина, емисиите опаднаа за околу 25% кога земјата влезе во целосна затвореност. Но, оваа промена веројатно ќе биде привремена.
Нов урбан животински свет
Додека сите се повлекуваат во своите домови, некои животни го искористија нашето отсуство.
Намалениот патен сообраќај за малите суштества како што се ежеви кои излегуваат од хибернација имаат помала веројатност да бидат удрени од автомобил. Во исто време, други вид на животни како патки, се прашуваат каде исчезнаа сите луѓе и ќе треба да најдат друг извор на храна покрај лебните трошки во паркот.
Внимателен поглед на глобалната трговија со диви животни
Конзерватористите се надеваат дека избувнувањето на коронавирусот, ќе помогне во потиснување на глобалната трговија со диви животни, која е одговорна за голем број видови кои се на работ на истребување. COVID-19 најверојатно потекнува од пазарните маркети во Вухан, каде продаваат живи производи и е центар за легален и нелегагелн начин на трговија со диви животни. Спречувањето на трговијата со живи диви животни може да биде позитивна работа за излез од кризата.
Водните патишта се чисти
Откако Италија влезе во карантин, слики од кристално чисти канали во Венеција беа споделени низ целиот свет – беспрекорна сина вода отколку вообичаен каллив изглед. Исто така и бродовите за крстарење кои мируваат во пристаништето, нашите океани исто така доживуваат пад на шумот кои го намалуваат нивото на стрес на морските суштества како китовите и прават многу помирна миграција.
Пластичен отпад во пораст
Но, не се сите добри вести. Една од најлошите несакани ефекти на животната средина на пандемијата на коронавирус е брзото зголемување на употребата на пластика за еднократна употреба – од медицинска опрема како ракавици за еднократна употреба, до пластична амбалажа, бидејќи повеќе луѓе се одлучуваат за пакувана храна. Дури и кафе-баровите што се отворени не прифаќаат повеќекратна употреба на чаши, во обид да се спречи ширење на вирусот.
Климатската криза се игнорира (засега)
Со доминацијата на коронавирусот, климатската криза е заборавена во маргините. Експертите предупредуваат дека важните одлуки во врска со климата не треба да се одложуваат – дури и со конференцијата на ООН за климата да биде одложена до 2021 година. Додека емисиите паднаа од почетокот на пандемијата, најверојатно нема да видиме раширени и долгорочни промени како резултат.