Ковид-19 не е само респираторна болест, го напаѓа целото тело – еве што откриле докторите

popara13 мај, 20202min00
kovid

Ковид-19 не е само респираторна болест, туку го погодува целото тело, а лекарите забележуваат низа необични и застрашувачки симптоми и синдроми, пишува Си-Ен-Ен.

Си-Ен-Ен наведува пример на пациент на возраст од 38 години, кој првите десет ден од ифекција со коронавирусот бил во релативно добра состојба и не бил во ризична група.

-Имаше благи симптоми и малку кашлаше, па беше дома, вели доктор Шон Венгертер, васкуларен хирург во Њујорк.

Меѓутоа тогаш се појавиле изненадувачки последици на Ковид-19.

Пациентот се разбудил со грозница и малаксаност и не можел да оди. Имено, утврдено е дека коронавирус може да предизвика згрутчување на крвта, а овој млад маж имал токму големо згрутчување во главната артерија.

Брзата дијагноза и хируршката интервенција го спасиле пациентот.

Лекарите кои ги лекуваат пациентите позитивни на коронавирус откриваат низа нови симптоми, вклучително и згрутчување на крвта во сите големини во телото, откажување на бубрезите, воспаление на срцето и имуни компликации.

-Една работа која фрустрира е дека оваа болест е манифестира на многу различни начини, вели доктор Скот Бракенриџ, доцент во тимот за хируршка медицина на Медицинскиот факултет во рамки на Универзитетот во Флорида.

Во некои случаи коронавирусот има сериозни последици кај дишењето, во други се чини дека доведува до застој на работата на органите во повеќе системи. Иако станува збор за респираторен вирус, јасно е дека кај одредени луѓе директно напаѓа и други органи. Едно од прашањата кое ги загрижува експертите е нападот на Ковид-19 над облогите на крвните садови што доведува во неприродно згрутчување на крвта.

Други лекарски тимови пријавиле необични мозочни удари кај млади пациенти, како и белодробни емболии, што е медицински израз за крвни згрутчувања во белите дробови.

Еден од најопасните синдроми кој може да се поврзе со Ковид-19 е „педијатриски инфламаторен синдром“.

Градот Њујорк пријави 52 вакви случаи, рече градоначалникот Бил де Бласио во вторникот, а Министерството за здравство објави дека истражува 100 случаи во тој контекст.

Синдромот се карактеризира со постојана треска, воспаление, лоша функција на еден или повеќе органи и други симптоми кои потсетуваат на шок, велат од група педијатри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag