Наместо да ги трошите вашите драгоцени, први моменти од денот „сурфајќи“ додека сте во кревет, слушајте ја оваа 10-минутна водена медитација на англиски јазик што ќе ве исполне со мир и стабилност.
Лесно е навечер да си ветите дека првото нешто што ќе го направите наутро нема да биде прелистување на социјалните медиуми или проверка на е-пошта. Но, во реалноста, особено кога мобилниот телефон служи и како аларм, тоа нè тера од мирен со да брзаме кон дневните обврски.
За да останете или да се чувствувате смирено, додека сè уште сте во кревет, ставете ги слушалките и слушајте 10-минутно медитирање за смиреност и стабилност дизајнирано за Goop од страна на американската инструкторка по јога и медитација Кејт Вајткин.