Критиката вроди со плод: Меркел почна да носи маска

popara4 јули, 20201min00
merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не ја носеше.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската унија.

Ја стргна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Канцеларката ја испочитувала обврската да носи маска на одредени јавни места откако новинарите ја прашале на почетокот на неделава зошто никогаш не носи маска во јавноста.

Потоа, таа одговорила дека не ѝ треба, затоа што ја почитува регулативата за социјално растојание, но дека тоа го прави во ситуации кога оддалечувањето не е можно, на пример кога оди на приватен шопинг и не е под око на јавноста.

  • Но нема да ви кажам каде одам на шопинг, додала Меркел.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma